Достапни линкови

Нема најави дека нешто напреднало во решавањето на спорот за името, што би ја придвижело земјата кон ЕУ, коментираат експертите.

Без решение на спорот за името, само чудо може да ни донесе датум за преговори на претстојниот самит на Европската Унија, вели универзитетскиот професор Беким Кадриу. Во изјавите на министерот за надворешни работи Никола Попоски дека Македонија е подготвена да продолжи со конструктивниот пристап во процесот, а Грција е таа која наоѓа изговори, Кадриу всушност препознава неподготвеност на македонската страна да стави крај на спорот.
Македонија треба да покаже поголем интерес за решавање на спорот затоа што ние сме тие што сме блокирани. Ставот на македонската власт е следна, ние имаме пресуда на Меѓународниот суд на правдата, ја молиме Грција, да ја почитува, толку. Така не се решава спорот.

„Македонија треба да покаже поголем интерес за решавање на спорот затоа што ние сме тие што сме блокирани. Ставот на македонската власт е следна, ние имаме пресуда на Меѓународниот суд на правдата, ја молиме Грција, да ја почитува, толку. Така не се решава спорот.“
Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Генeралниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун.

Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Генeралниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун.


Од последните средби во чиј фокус беше прашањето за името, јасно е дека нема најава за напредок и токму затоа не слушнавме коментари од релевантните меѓународни претставници, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

„Бидејќи сето тоа се одвива во тајност не можеме да кажеме во кого е проблемот дали е во Грција или во нас или пак е заеднички недостаток на волја да се најде сега решение и мислам дека на сето тоа има влијание и од ситуацијата во Грција и од таа кај нас.“
Не само за прашањето на името, туку и целиот тој корпус на добрососедски односи немаме никаков исчекор, освен ако не ја сметаме заедничката седница со владата на Србија, меѓутоа тоа никогаш не било ни тема на разговор, пред се беа односите со државите членки на ЕУ, а тоа се Бугарија и Грција.

Немањето внатрешен консензус за ова чувствително прашање е уште една работа врз основа на која Кадриу го темели песимизмот дека до самитот нема да има сериозен исчекор за ова прашање.

„Ние уште не знаеме која ни е црвената линија, ние уште не сме изградиле став до каде ние може да попуштиме, односно што можеме да прифатиме, а што не.“

Маричиќ потсетува и на негативното влијание на политичката криза која неколку месеци ја закочи работата на институциите. Но, тоа како што вели, е само спореден фактор за неможноста да се постигне внатрешен консензус меѓу политичките партии за прашањето за името.

„Не само за прашањето на името, туку и целиот тој корпус на добрососедски односи немаме никаков исчекор, освен ако не ја сметаме заедничката седница со владата на Србија, меѓутоа тоа никогаш не било ни тема на разговор, пред се беа односите со државите членки на ЕУ, а тоа се Бугарија и Грција.“
Во реалноста имаме една страна која наоѓа изговори, не почитува преземени обврски и одолговлекува со цел да не ги поддржи евроинтеграциските процеси во југоисточна Европа, наспроти втората страна која педантно го почитува меѓународното право, сака дијалог и решенија и се заложува за заедничка иднина под европска капа.

И додека средбите на Попоски со Мун и Нимиц поминаа со речиси истите изјави од страна на македонскиот шеф на дипломатијата, имаме молк од меѓународните претставници. Засега нема официјална информација за нова средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, иако таа се најавуваше за почетокот на крајот на минатиот или почетокот на овој месец. Нашите соговорници велат дека меѓународниот фактор се повлекува затоа што е очигледно дека нема да ја постигне целта да се затвори ова прашање до самитот, но тоа според нив не значи дека тие целосно ќе го изгубат интересот за евроатланската иднина на нашата земја.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во Њујорк се сретна со специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, амбасадорот Метју Нимиц, при што ја повтори подготвеноста и интересот на Република Македонија за надминување на наметнатиот проблем со името во рамки на ОН.

„Република Македонија има интерес овој вештачки наметнат спор да биде разрешен и е подготвена да продолжи со конструктивниот пристап во процесот под покровителство на Обединетите нации", рече Попоски.

„Во реалноста имаме една страна која наоѓа изговори, не почитува преземени обврски и одолговлекува со цел да не ги поддржи евроинтеграциските процеси во југоисточна Европа, наспроти втората страна која педантно го почитува меѓународното право, сака дијалог и решенија и се заложува за заедничка иднина под европска капа. Покрај реално многу пријателските односи, асиметријата на мотиви е очигледен хендикеп, кој сакаме да биде надминат. Затоа ги повикуваме соседите за заеднички напор кон посветла иднина", додава Попоски.

Надминувањето на овој две децениски спор ќе има позитивно влијание и ќе е од суштинско значење како за Република Македонија и за Република Грција, така и за целиот регион, се согласиле соговорницитe.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG