Достапни линкови

logo-print

Самитот во Братислава, историски


Закрепнувањето на Европа во посткризниот период е главна тема на денешниот состанок на претседателите на 20 држави од Европа во Братислава. Овој состанок, како што јавуваат новинските агенции, веќе бил означен како успешен и историски. Имено, за прв пат во земја која не ја признава косовската независност, Словачка, на иста маса седнаа претседателот на Србија Томислав Николиќ и претседателката на Косово Атифете Јахјага. На самитот, меѓу другите, учествува и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, како и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.
XS
SM
MD
LG