Достапни линкови

Прегратка за спас на ГТЦ


Даница Павловска, Претседател на Асоцијација на архитекти.

Даница Павловска, Претседател на Асоцијација на архитекти.

Собирање на потписи, јавно говорење на познати уметници, писатели, публицисти, а потоа обрач од прегратки околу Градскиот трговски центар, најавуваат од Асоцијацијата на архитекти за утре. По најавата дека Градскиот трговски центар ќе добие нов лик, започна иницијатива „Го сакам ГТЦ“, која се застапува за зачувување на духот и карактерот на објектот.

„По предложената измена и трансформација на овој објект, сметавме дека толку важен објект за историјата и културата и функционирањето на еден град, треба многу внимателно да се третира и заради тоа одлучивме да реагираме за да не се упропастат и уништат неговите суштински вредности“, вели Даница Павловска, претседател во заминување на Асоцијацијата на архитекти.

Собирањето на потписи ќе се одвива во текот на целиот утрешен ден пред влезот на ГТЦ, а за попладне се најавени говорите на познати уметници, за на крај, граѓаните да направат една прегратка околу објектот. Според организаторите на настанот, потребни се околу 500 луѓе за да се прегрне ГТЦ.
XS
SM
MD
LG