Достапни линкови

logo-print

Ердоган нуди референдум, демонстрантите се сомневаат


Плоштадот Таксим во Истанбул, 13.06.2013.

Плоштадот Таксим во Истанбул, 13.06.2013.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот предложи референдум за контроверзниот план за изградба на трговски центар и џамија во паркот Гези во Истанбул. Дали тоа е прв знак дека владата е подготвена на отстапка по двонеделните антивладини протести во повеќе градови низ Турција? Демонстрантите не мислат така.

Портпаролот на Партијата на правдата и развојот Хусеин Челик изрази надеж дека ваквиот гест на добра волја, односно референдумот, ќе ги увери демонстрантите да ги напуштат паркот Гези и блискиот плоштад Таксим.
Овој референдум нема значење, бидејќи не постои причина да се прави референдум за тоа. Ќе биде доволно ако Ердоган ги слуша барањата на јавноста. Ако има референдум тие ќе донесат луѓе со автобуси кои не живеат тука за да гласаат.

Сепак, и денеска на двете места во Истанбул се уште има демонстранти, а во Анкара полицијата употреби солзавец за да ги растури протестите.

„Овој референдум нема значење, бидејќи не постои причина да се прави референдум за тоа. Ќе биде доволно ако Ердоган ги слуша барањата на јавноста. Ако има референдум тие ќе донесат луѓе со автобуси кои не живеат тука за да гласаат“, изјави еден од демонстрантите на Таксим по понудата за референдум која беше соопштена по разговорите на премиерот Реџеп Таип Ердоган со група активисти.

Исходот од оваа средба е дека можеме да разгледаме одржување референдум за жителите на Истанбул. Не зборувам за национален референдум. Ние ќе ги прашаме истанбулчани дали го сакаат овој проект или не? Ќе прифатиме секаква одлука на народот.
„Исходот од оваа средба е дека можеме да разгледаме одржување референдум за жителите на Истанбул. Не зборувам за национален референдум. Ние ќе ги прашаме истанбулчани дали го сакаат овој проект или не? Ќе прифатиме секаква одлука на народот“, изјави Челик по состанокот на кој од страна на демонстрантите учествуваа десетина академици, студенти и уметници.

Дел од учесниците на протестите сметаат дека овие активисти не ги претставуваат антивладините демонстранти.

„Списокот што премиерот го објави е со луѓе што тој ги одбра. Тоа не е список на луѓе што ги одбравме ние. Тие не не претставуваат нас“, рече Сами Јилмазтурк, член на секретарјатот на иницијативата Солидарност за Таксим.

Протестите, на моменти проследени со жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, прераснаа во движење против владеењето на премиерот Ердоган. Соединетите Држави и Европската унија изразија загриженост за насилствата и побараа од сите страни да покажат воздржаност.

Досега најмалку четири луѓе загинале, додека над 5 илјади биле третирани од повреди или од последици од солзавец.
турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган


Во меѓувреме, лидерот на најголемата опозициска сила во Турција, Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу ги оцени протестите како крај на традиционалната политика во таа земја и како бунт на младата генерација од новата средна класа која бара почитување на достоинството на поединецот и немешање во неговиот приватен живот.

Притоа тој ги спомнува мерките за ограничување на продажбата на алкохол и на однесувањето на јавните места, како и илегалното прислушување. Киличдароглу смета дека турците се уморни од владеењето на Партијата на правдата и развојот.

„Печатот не е слободен, судството не е независно и постои голема загриженост поради поткопувањето на секуларните темели на турската демократија“, вели тој, додавајќи дека премиерот Ердоган се однесувал како диктатор кој никогаш не е задоволен од моќта што ја има.

„Тој сака претседателски, наместо сегашниот парламентарен систем. Тој е гладен за власт. Но, Ердоган треба да почне да слуша и да извлече поуки од овој нов процес“, оценува лидерот на опозицијата Кемал Киличдаруглу.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG