Достапни линкови

logo-print

Фестивал на солзавецот, графит во Истанбул и Анкара


„Добродојдовте на традиционален фестивал на солзавецот“, и „Ние сме искапени веќе три дена, прашајте ги водените топови“, се дел од сатирични графити што може да се прочитаат на згради во Истанбул и Анкара каде протести имаше и синоќа. Весникот „Хуриет дејли њуз“ објави фотографии од графити од улици во двата турски града. Меѓу најинтересните се: „Погледнете што ни се случи заради 3-4 дрва“, „Забранија алкохол и народот се отрезни“, „Не се секирај мамо, не сум во првите редови, сите сме заедно“, „Не знам што да напишам, ама анархија, нешто така“ и „No recep, no cry“.
XS
SM
MD
LG