Достапни линкови

Турција: протестите продолжија и покрај најавата за референдум


Судирот меѓу полицијата и демонстрантите се чини продолжува во Турција и покрај најавата на владејачката партија дека ќе се одржи референдум околу контроверзните планови за изградба во паркот Гези во Истанбул. Портпаролот на владејачката партија на правдата и развојот Хусеин Челик рече дека се надева оти „добрата волја“ на владата да одржи референдум ќе ги убеди демонстрантите да го напуштат паркот и соседниот плоштад Таксим. Сепак тие не го направија тоа а доцна синоќа полицијата употреби и солзавец за да ги растера.
XS
SM
MD
LG