Достапни линкови

Два века стара куќа се урива врз главите на прилепско семејство


Вера Јошевска.

Вера Јошевска.

Четиричленото семејство Јошески од Прилеп живее со страв дека трошната, стара преку 180 години куќа ќе се урне врз нив.

Четиричленото семејство Јошески од Прилеп живее секој ден со страв дека трошната, стара преку 180 години куќа ќе се сруши врз нив.
Живеам во куќата на стравот, секој момент може да падне, да ме потисне, но животот мој не е толку вреден, колку од децата и од жената, за мене е проблем. Не бев вработен никаде, затоа не добивам пензија, но дури бев здрав никој не ми требаше, никому не се молев, ни на државата, на никого, но откако паднав болен, нема каде да се бега.

Силните дождови пред 4 месеци ја срушиле едната соба. Таваните во секоја соба се спуштени, ѕидовите се распукани, подот пропаѓа, зашто куќата е изградена со греди,трски и плитари. Ноќе крцкаат ѕидовите во секоја соба, како закана дека наскоро нема да остане ништо од оваа куќа. Паѓа малтерот од прозорците, немаат толку пластични кофи и садови колку места каде што кровот прокиснува. Се движат дома со страв, внимаваат да не стојат сите заедно во една просторија, за да не случи да пропаднат на земја. А, никој не е вработен.
Ордан Јошески од Прилеп.

Ордан Јошески од Прилеп.


Домаќинот Ордан полни 6 години е инвалид, откако доживеал мозочен удар, тој не се движи, врзан е за креветот. Добива редовна парична помош и надоместок за нега од друго лице од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во висина од приближно 7.000 денари. Но, ниту сопругата Вера, ниту двете деца синот Мартин и ќерката Ангела немаат сигурна работа.
Имаме конкурирано заедно со мајка ми, на сегашниот конкурс за 1600 лица во Македонски Шуми, се надевам дека барем таму ќе има некоја прилика и ќе можеме да се вработиме некаде.

„Живеам во куќата на стравот, секој момент може да падне, да ме потисне, но животот мој не е толку вреден, колку од децата и од жената, за мене е проблем. Не бев вработен никаде, затоа не добивам пензија, но дури бев здрав никој не ми требаше, никому не се молев, ни на државата, на никого, но откако паднав болен, нема каде да се бега“, вели 58-годишниот Ордан Јошески.
Мартин Јошески од Прилеп.

Мартин Јошески од Прилеп.


Под силен притисок, со секојдневен стрес е и сопругата Вера. Вели нема врата на која не тропнала, од каде не побарала помош, и во институциите и во партиите, со надеж дека некој ќе се смилува, ќе им помогне да соберат минимални средства, да изградат една просторија во дворот, и тука да се приберат, на сигурно, за да не се сруши куќата врз низ.
Пак почнува да врне, цела ноќ не спијам, цела ноќ турам води, најлони редиме со детево двајцата, ја тураме водата, цела куќа крцка, со страв газиме врз нејзе, цела ноќ жива вода и на нас течеше додека редевме најлони и додека туравме вода.

„Пак почнува да врне, цела ноќ не спијам, цела ноќ турам води, најлони редиме со детево двајцата, ја тураме водата, цела куќа крцка, со страв газиме врз нејзе, цела ноќ жива вода и на нас течеше додека редевме најлони и додека туравме вода“, се жали Вера.

Синот Мартин е магистер по ветеринарна медицина со просек 9.22, конкурирал на два огласи на Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така и на факултетот за биотехнички науки во Битола и на факултетот за ветеринарна медицина, но секогаш добивал негативни одговори, тој не ги знае причините за тоа.

„Имаме конкурирано заедно со мајка ми, на сегашниот конкурс за 1.600 лица во Македонски шуми, се надевам дека барем таму ќе има некоја прилика и ќе можеме да се вработиме некаде“, не губи уште надежи Мартин.

Неговата сестра успеала да дојде до сезонска работа во Тутунскиот комбинат, но колку месеци ќе работи не знае.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека им е добро познат случајот. Екипа од Меѓуопштинскиот центар денеска го посети семејството Јошески. Ова семејство по разни основи прима парични надоместоци од Министерството. Ордан Јошески бидејќи е инвалид, како постојана парична помош, а и нега од друго лице, на другите три члена од семејството, мајката и децата од лани им се исплаќа и социјална помош. Во април годинава им била исплатена еднократна парична помош, која согласно со закон им се исплаќа на многу загрозени семејства, а и во текот на овој месец ќе им се исплати уште еднаш за да му се помогне на ова семејство. Исто така семејството е упатено да се обрати за помош и во Општината.

Од прилепската локална самоуправа соопштуваат дека Вера Јошеска, неколку пати била примена од градоначалникот Марјан Ристески и други надлежни лица во Општината. А, на 22 мај и била доделена и еднокртана парична помош од Комисијата за финансирање и буџет.

Но, Јошески се вчудовидени од оваа изјава, велат не добиле никакви средства до денеска.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG