Достапни линкови

logo-print

Со социјален дијалог до нови работни места


Конференцијата „Локален социјален дијалог во Македонија – предизвици и потреби“ во организација на Сојузот на синдикатите со поддршка на УСАИД. Претседателот на синдикатот Живко Митревски, министерот за труд Диме Спасов, американскиот амбасадот Пол Волерс и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Конференцијата „Локален социјален дијалог во Македонија – предизвици и потреби“ во организација на Сојузот на синдикатите со поддршка на УСАИД. Претседателот на синдикатот Живко Митревски, министерот за труд Диме Спасов, американскиот амбасадот Пол Волерс и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Преку основање на локални економско-социјални совети низ земјава да се отвораат нови работни места и да се подобрува вработувањето, предложија учесниците на конференцијата „Локален социјален дијалог во Македонија“.

Поддршка на вработувањето како и на дијалогот меѓу владата работодавачите и работниците е една од основните цели на конференцијата насловена „Локален социјален дијалог во Македонија – предизвици и потреби“. Настанот е во организација на Сојузот на синдикатите со поддршка на УСАИД. Социјалниот дијалог не е лесна работа, вели амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.
Изградбата и развојот на социјалниот дијалог, не е ниту лесна работа, ниту пак може да се оствари преку ноќ, напротив, за неа се потребни постапни, фокусирани и постојани капацитети.

„Изградбата и развојот на социјалниот дијалог, како што сите знаете, не е ниту лесна работа, ниту пак може да се оствари преку ноќ, напротив, за неа се потребни постапни, фокусирани и постојани капацитети и нивна изградба од страна на социјалните партнери, како и јавна свест за таквите ситуации за кои исто така е потреба меѓусебна доверба.“
Претседателот на ССМ Живко Митревски.

Претседателот на ССМ Живко Митревски.


Јавно приватните партнерства може ефикасно да придонесат кон создавање работни места, смета Волерс.

„Јавно приватните иницијативи може да бидат многу ефективни во изградбата на довербата меѓу групите со различни етнички, верски или политички ставови, едноставно поради тоа што се концентрираат врз специфични и опипливи прашања како што се претпримништвото, економската реконструкција и подобрувањето на инвестициската клима. Сите тие доведуваат до изградба и создавање на нови работни места за младите кои се најважни и за вас.“

Претседателот на ССМ Живко Митревски вели дека локалниот социјален дијалог е значајна тема посебно во услови на криза.

„Сметаме дека со креирањето на локалните економско социјални политики, со вклученост на сите социјални партнери ќе обезбедиме перспективни можности на локалните самоуправи, на локалните заедници преку социјалните партнери да прават анализа на пазарот на трудат, да ги утврдуваат потребите на пазарот, да го обезбедуваат социјалниот дијалог и да креираат она што е најзначајано за сите - нови работи места.“

Во текот на конференцијата се презентираа активностите на локалните економско-социјални совети во Штип, Струмица, Куманово и Прилеп.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG