Достапни линкови

Груевски разговарал со министерот за одбрана на Хрватска


Премиерот Никола Груевски денеска разговараше со министерот за одбрана на Република Хрватска Анте Котромановиќ.
Соговорниците, како што соопшти владината прес-служба, ги поздравиле одличните односи меѓу двете држави и се согласиле дека споделуваат заеднички стратешки определби за ефективна реализација на европските и евроатланските интеграции, регионален развој и просперитет.
Премиерот Груевски го честитал скорешниот прием на Република Хрватска за полноправен член на Европската Унија, и притоа изразил увереност дека како и досега ќе продолжи хрватската поддршка на македонските интереси за членство во Унијата и НАТО.
XS
SM
MD
LG