Достапни линкови

Ештон: Прекумерна употреба на сила во Турција


Турција, како кандидат за членство во ЕУ, мора да се стреми кон највисоки демократски стандарди, кои вклучуваат и слобода на изразување и слободни медиуми, изјави денеска шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон. Во обраќањето во Европскиот парламент во Стразбур, Ештон нагласи дека и демократски избраните влади треба да ги почитуваат потребите и очекувањата и на оние што не се чувствуваат застапени. Имаше случаи на прекумерна употреба на сила против главно мирните демонстранти и тие случаи треба да бидат истражени, оцени Ештон.
XS
SM
MD
LG