Достапни линкови

За утре најавен генерален штрајк во Грција


Двата најголеми грчки синдикати повикаа на генерален штрајк, кој треба да се одржи утре, во знак на протест на одлуката на владата за затворање на државната радио-телевизија и отпуштање на сите 2.500 вработени. Здруженија на новинари исто така организираат штрајкови со прекини на програмата и на приватните телевизии, а и некои владини коалициони партнери бараат повлекување на одлуката на владата. Портпарол на грчката влада најави за неколку месеци формирање нов јавен реадио-телевизиски сервис.
XS
SM
MD
LG