Достапни линкови

Анти - Путин марш на опозицијата во Москва


Илјадници активисти на руската опозиција маршираа против претседателот Путин денеска во Москва барајки ослободување на руските политички затвореници. Според полицијата протестирале околу 6 илјади луѓе.
Протестен марш во Москва се совпаѓа со официјалната прославата на Денот на Русија.
Според организаторите, целта е да се подржат активистите уапсени за учество во протестите кои се одржаа во пресрет на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин минатата година кога го доби третиот мандат. 12 опозициски активисти беа изведени пред суд во почетокот на месецов а беа обвинети за поттикнување "масовни немири" на ланските протести.
XS
SM
MD
LG