Достапни линкови

Давитковски избран, но исходот зависи од партиите


Во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е наведено дека на функцијата е избран домашен експерт кој е високо почитуван во професијата и во јавноста.

Актуелниот декан на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, Борче Давитковски, е избран за претседател на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември. Во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е наведено дека на функцијата е избран домашен експерт кој е високо почитуван во професијата и во јавноста. Двете партии изразија очекување дека Комисијата ќе работи ефикасно и брзо ќе излезе со свои заклучоци за спорните настани.
Изборот на професорот Давитковски по секој критериум е добар и неговиот личен ангажман нема да биде проблем во Комисијата. Проблем може да бидат натаму партиските притисоци и нивниот договор дали ставовите што ќе ги заземе Комисијата ќе бидат со гласање или со консензус.
Стојан Андов, поранешен пратеник.

Според нив, ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик за евроинтегративниот процес во земјава. Поранешниот пратеник Стојан Андов вели дека иако одлуката е задоцнета, добро е што е донесена за да може Комисијата да профункционира.
Професор Борче Давитковски.
Професор Борче Давитковски.

„Изборот на професорот Давитковски по секој критериум е добар и неговиот личен ангажман нема да биде проблем во Комисијата. Проблем може да бидат натаму партиските притисоци и нивниот договор дали ставовите што ќе ги заземе Комисијата ќе бидат со гласање или со консензус.“

Андов додава дека доколку се остане на барањето комисијата да ги донесува одлуките со консензус, изборот на Давитиковски нема да игра никаква улога.
Формирањето на Комисијата не може да се импровизира, како што кај нас неретко политичарите функционираат, туку ќе мора да се спроведе, за да може пред нашите евро партнери да излеземе со резултат. Можно е тоа да го изведат, можно е, треба да надминат некои свои суети, некои свои дневни политики и тоа да го спроведат.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Тие едноставно не може да дојдат до консензус, ќе се блокира работата или ако дојдат до консензус ќе се испазарат никој за ништо да не одговара. Тоа е прашањето сега, како ќе се избори Давитковски да може комисијата да работи објективно според убедувањата и тој да си го зачува правото да гласа и неговиот глас да биде одлучувачки“, вели Андов.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека конструктивноста од страна на партиите влева оптимизам и надеж дека евроинтегративниот процес ќе се одблокира и ќе почнат некои работи во земјата нормално да функционираат.

„Но за жал, формирањето на Комисијата не може да се импровизира, како што кај нас неретко политичарите функционираат, туку ќе мора да се спроведе, за да може пред нашите евро партнери да излеземе со резултат. Можно е тоа да го изведат, можно е, треба да надминат некои свои суети, некои свои дневни политики и тоа да го спроведат.“

Но, според Муслиу, доколку двете страни не постигнат договор тогаш ќе се донесе заклучок дека сето тоа било фарса и дел од дневната политика.

„Двете партии, ако не успеат да го издоговорат функционирањето на Комисијата, ќе треба да ја сносат политичката одговорност во однос на нивната одговорност кон евоинтеграциите, тука одговорност има опозицијата, но секако најголема одговорност е на власта затоа што таа е носител на сите процеси во државата“, вели Муслиу.

Претходно беа избрани и членовите на Комисијата - Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчкоски од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG