Достапни линкови

И синдикални штрајкови во Грција поради затворањето на ЕРТ


Двата најголеми синдиката во Грција, на вработените во приватниот и во државниот сектор, повикаа утре на 24-часовен генерален штрајк против затворањето на државната радио и телевизија ЕРТ, јавија грчките медиуми.
И вработените во грчката државна радио и телевизија ЕРТ повикаа денеска на протести пред зградата на медиумот во Атина.
Штрајк е закажан денеска и во приватни радио-телевизискаи канали и во националната агенција АНА-МПА. Унијата на новинари од Атина соопшти дека „по непријателското и варварско вмешување на трипартиската Влада да ја затвори ЕРТ, новинарските сојузи одлучиле да почнат со непрекинати акции со штрајк во сите приватни радио-телевизиски канали“.
Демонстрантите тврдат дека одлуката за затворање на државната радио и телевизија била донесена лично од премиерот Андонис Самарас. Од утре штрајк почнуваат и вработените во сите весници во Грција.
XS
SM
MD
LG