Достапни линкови

logo-print

Рен: рано е за ревизија на грчката програма за приватизација


Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен изјави дека е рано да се разговара за ревизија на целите на грчката програма за приватизација, по неуспехот на тендерот за продажба на грчката команија за гас ДЕПА, како и за ново реструктурирање на грчкиот долг.
Според планот на владата на Самарас, се очекува да бидат собрани најмалку 1,8 милијарди евра од приватизацијата до крајот на септември.
Изјавата на Оли Рен доаѓа откако се појавија тврдења дека Атина ќе побара од меѓународните кредитори намалување на целите за приватизација за 2013 година, поради неуспешната продажба на ДЕПА.
Еврокомсеарот инсистира Владата во Атина да објави нов тендер за ДЕПА.
XS
SM
MD
LG