Достапни линкови

Попоски на средби со Бан Ки мун и Метју Нимиц


Министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Њујорк разговараше за прашањето за името со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а денеска ќе се сретне со медијаторот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц. По средбата Попосоки изјави дека го подвлекол, како што вели, непринципиелниот услов кој пред 20 години и е поставен на Македонија при приемот во Светската организација поради наметнатиот спор за името со Грција, како и незаинтересираноста на грчката страна за негово надминување.

Шефот на македонската дипломатија оценува дека се искрени заложбите на генералниот секретар на ОН за надминување на спорот, со оглед на пресудите од судот во Хаг но дека но немаат инструменти за примена на таа пресуда. Тој не сака да прејудицира за денешната средба со медијаторот Нимиц.

„Не би сакал да го прејудицирам исходот од таа средба, но она што го истакнавме е дека сме конструктивни во овој процес, дека сакаме да видиме дијалог со нашиот јужен сосед и очекуваме инвловираност од нивна страна. Досега не сме виделе никакви знаци дека таква посветеност постои во Атина. Би сакал да видам да се случи средбата па потоа да заклучам нешто,

рече министерот Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG