Достапни линкови

logo-print

Ракометарите пред решавачка битка за ЕП


Вечерва против Швајцарија и в недела против Португалија се двата решавачки натпревари за пласман на ракометарите на ЕП во Данска.

Македонската машка ракометна репрезентација вечер (од 20 часот) во Цирих против Швајцарија, го игра еден од двата решавачки натпревари за пласман на ЕП, кое во јануари наредната година ќе се одржи во Данска. За исполнување на таа цел, избраниците на селекторот Ивица Обрван мора да победат денеска, но и в недела против Португалија во Скопје. Секој друг епилог ќе не исфрли од трката за втората позиција во групата, во која недопирлив на првото место е светскиот шампион Шпанија. Ова, нормално носи притисок во националниот тим, каде што, сепак, со оптимизам се очекува вечерашното гостување.
Оптимист сум, верувам во екипата и мислам дека имаме и квалитет и сили за да победиме во Цирих. Добро се подготвивме за еден незгоден противник, каков што е Швајцарија на домашен терен и очекувам со максимален ангажман, добра игра, можеби и малку среќа, да добиеме шанса в недела против Португалија.

„Оптимист сум, верувам во екипата и мислам дека имаме и квалитет и сили за да победиме во Цирих. Добро се подготвивме за еден незгоден противник, каков што е Швајцарија на домашен терен и очекувам со максимален ангажман, добра игра, можеби и малку среќа, да добиеме шанса в недела против Португалија во Скопје, да се бориме за пласман на Европското првенство“, изјави селекторот Обрван.
Претседателот Ѓорге Иванов и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров. 2011.

Претседателот Ѓорге Иванов и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров. 2011.


Слично размислуваат и ракометарите. И тие се убедени дека во директна пресметка со Португалија ќе го решат патникот на Еуро. Но, покрај наша победа вечер, услов за тој меч да биде битка за пат во Данска, е и Португалците денеска да не направат сензација, па да ја совладаат Шпанија. Стравот од такво изненадување го зголеми одлуката на шпанскиот селектор, откако го осигура учеството на Еуро, да поштеди неколку првотимци од гостувањето кај соседот. Тоа остава простор за сомнеж во неспортско сценарио, кое, според нашиот капитен Кирил Лазаров, сепак, нема да се случи.
Мислам дека сме добро подготвени, има многу играчи кои што имаат големо искуство во нашиот национален тим, кои што знаат како се играат овие натпревари и јас сум сигурен дека нема ниеден да закаже. Напротив си ја знаат својата работа.

„Јас воопшто не се сомневам дека тие (Шпанците) ќе си ја завршат својата работа, затоа што не доликува на еден светски првак да се бламира во Португалија. Мислам дека се 2-3 пати поквалитени, така да останува на нас да дадеме се од себе. Мислам дека сме добро подготвени, има многу играчи кои што имаат големо искуство во нашиот национален тим, кои што знаат како се играат овие натпревари и јас сум сигурен дека нема ниеден да закаже. Напротив си ја знаат својата работа. Во голема предност сме, далеку сме поискусни од Швајцарците и се надевам дека сите заедно ќе се радуваме после тој натпревар“, рече Лазаров.

Според него дополнителни адути за победа вечер, ни се најавеното присуство на околу 1.000 македонски навивачи во салата во Цирих, како и подобрениот здравствен билтен во националниот тим. Во него ќе ги нема од претходно повредените Дејан Манасков, Петар Ангелов и Гоце Георгиевски, но иако не во целост, подготвени за настап се Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски и Борко Ристовски.

Кога е в прашање моменталниот пласман на табелата, на две кола пред крајот на квалификациите, лидер со максимални 8 бодови е Шпанија. Второпласираната Португалија има 5, Македонија 2, а последната Швајцарија само еден бод.
XS
SM
MD
LG