Достапни линкови

Унијата на граѓански слободи ја тужи владата на САД


Американската унија за граѓански слободи, една од водечките групи за одбрана на американските уставни права, ја тужеше владата на САД за надзорот на телефонските повици, емаили и другите електронски комуникации на милиони Американци и луѓе во цел свет.
Во тужбата се бара од Владата да го запре таа програма која, според Унијата, ги прекршува правата, слободите и приватноста.
Тужбата уследи по неодамнешното тврдење на поранешниот вработен во Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден дека се собирани податоци за телефонските повици и интернет податоците од компании како Веризон, Гугл и Фејсбук.
Американските претставници од секторот на разузнувањето вчера го информираа Конгресот за надзорот, нарекувајќи го неопходност за заштита на Американците, кое не го повредува правото на приватност.
XS
SM
MD
LG