Достапни линкови

Истанбул - најкрвава ноќ од судирите меѓу полицијата и демонстрантите


.

.

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул продолжија и изминатата ноќ. Полицијата користи солзавец, водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите од плоштадот Таксим и од блискиот Парк Гези. Дел од демонстрантите фрлаа камења, петарди и молотови коктели кон полицајците. Засега не е познат точниот број на повредени. На видео снимките се забележуваат неколку помали пожари. Се смета дека ова е најкрвавата ноќ од судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Гувернерот на Истанбул Авни Мутлу претходно изјави дека полицијата ќе продолжи со операциите дење и ноќе за да ги расчисти анти-владините протести на плоштадот Таксим. Протести има и во главниот град Анкара. Премиерот Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека демонстрациите биле киднапирани од луѓе со деструктивна политичка агенда и дека властите веќе нема да ги толерираат анти-владините протести. Демонстрациите почнаа на 31 мај откако полицијата насилно ги разби активистите што протестираа против градење во Паркот Гези во Истанбул.
XS
SM
MD
LG