Достапни линкови

Полицијата се судри со анти-Г8 демонстрантите во Лондон


Полициските сили за справување со нереди во Лондон се судрија со анти-Г8 демонстрантите на помалку од една недела пред најавената средба на лидерите на најголемите индустријализирани земји. Стотици полицајци вчера патролираа во Лондон откако организацијата што се нарекува „Стоп Г8“ повика на протести против големите корпорации како дел од акцијата „Карневал против капитализмот“. Организацијата „Стоп Г8“ на интернет објави мапа на која се прикажани реоните што треба да бидат цел на протестите, а кои според нив се „дувла на богатите“. Полицијата употреби моторни пили да влезе во една напуштена зграда во областа Сохо во Лондон за да ги исфрли демонстрантите што беа сместени таму, при што биле уапсени 32 демонстранти. Состанокот Г8 треба да почне в понеделник во Енискилен, Северна Ирска. За време на Самитот таму ќе бидат распоредени околу 8.000 полицајци.
XS
SM
MD
LG