Достапни линкови

Грчката влада ги затвори државната телевизија и радио


Како дел од мерките за штедење, грчката влада ги затвори државната телевизија и радио. Одлуката беше објавена синоќа со мало предупредување по што државниот канал ЕРТ прекина со емитување програма. На околу 2.500 луѓе што ќе останат без работа ќе им се плати обесштетување. Владиниот портпарол Симос Кадиколглу изјави дека државниот радиофифузер бил рај за непотребно трошење, корупција и лошо менаџирање. Телевизијата ја чини владата околу 300 милиони евра годишно. Властите велат дека се очекува јавниот сервис да биде повторно отворен со реформиран менаџмент и помалку вработени, но сè уште не се знае кога ќе се случи тоа. Грција се соочува со барања за намалување на трошоците и зголемување на даноците, како и намалување на вработените во државната администрација, во замена за меѓународна помош од 240 милијарди евра за да не банкротира.
XS
SM
MD
LG