Достапни линкови

Над 10 милини деца слугуваат во туѓи домови


Се проценува дека 10,5 милиони деца во светот служат во домовите на другите луѓе, понекогаш во опасни услови или како робови, соопштија денеска од Меѓународната организација на трудот на одбележувањето на Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд. Во нивниот извештај се наведува дека 6,5 милиони деца работници се на возраст меѓу 5 и 14 години, а повеќе од 71 отсто од нив се девојчиња. Исто така се наведува дека семејствата во руралните области на Пакистан и Непал понекогаш се принудени да ги испраќаат своите деца да работат во домовите на другите луѓе со цел да ги отплатат долговите. Според Меѓународната организација проблемот е особено нагласен во суб-сахарска Африка. Во извештајот се наведува дека децата се принудени да чистат, готват и да вршат и други задачи надвор од своите домови, а притоа да бидат и подложни на физичко, психичко и сексуално насилство.
XS
SM
MD
LG