Достапни линкови

logo-print

Тужба против американската влада поради прислушкувањето


Американската унија за граѓански слободи, една од водечките организации за заштита на уставните права на граѓаните во САД, ја тужи американската влада поради прислушкувањето телефонски разговори, е-маилови и други електронски комуникации на милиони Американци, како и на други луѓе ширум светот. Во тужбата се бара владата да ја запре програмата за следење, затоа што тоа, според Унијата, е прекршување на правото на здружување и на приватност. Тужбата следи по неодамнешното јавно признание од Едвард Сноуден кој тврди дека Националната агенција за безбедност собирала податоци за телефонските повици и интернет комуникацијата од компании како што се Веризон, Гугл и Фејсбук. Американските разузнавачки власти вчера ги информираа конгресмените за надзорот, образложувајќи дека тоа е неопходно за да се заштитат Американците и тврдејќи дека со тоа не се прекршуваат правата на приватност.
XS
SM
MD
LG