Достапни линкови

Собранието на БиХ има рок до 30 јуни да донесе закон за ЕМБ


Демонстрантите кои протестираа пред Парламентарното собрание на БиХ во Сараево и дадоа на оваа институција рок до 30 јуни да донесе закон за единствениот матичен број на граѓаните (ЕМБГ) и соопштија дека официјалниот дел од протестите е завршен.

Одлуката да не протестираат е за да им се даде на пратениците можност „спокојно да го донесат новиот закон“ за ЕМБГ. Организаторите предупредија дека доколку не се исполни нивното барање, ќе се одржат нови протести по 30 јуни. Тие ги повикаа демонстрантите и во следните денови, симболични во пет до 12 да се собираат на истото место и да им поставуваат барања на властите.
Освен донесување на закон за ЕМБГ, демонстрантите бараат и да се создаде државен фонд на солидарност, во кој би се слевале 30 отсто од платите на пратениците и министрите.
XS
SM
MD
LG