Достапни линкови

logo-print

Во Ватикан „геј лоби“ и „корупција“


Папата Франциско.

Папата Франциско.

Папата Франциско призна постоење на „геј лоби“ и „корупција“ во Ватикан. Тој својата забелешка ја изнел минатата недела на приватна средба со свештеници и калуѓерки во Латинска Америка и Карибите. Забелешките од разговоорите ги објави чилеански католички веб-сајт. Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди изјави дека тоа бил приватен состанок и дека нема коментар за објавеното. Папата е цитиран како во разговорот вели дека имало многу свети луѓе во Ватикан, но исто така имало и корупцијата. Тој тври и дека има „геј лоби.“ Во февруари, непосредно пред папата Бенедикт да си поднесе оставка, италијанските медиуми пренесоа извештаи за корупција и обиди за уцени против геј свештеници.
XS
SM
MD
LG