Достапни линкови

Над 11 милиони луѓе гладуваат во африканскиот регион Сахел


Повеќе од 11 милиони луѓе гладуваат во африканскиот регион Сахел, кој се протега јужно од пустината Сахара низ девет земји, соопштија од ОН. Координаторот на хуманитарните активности на ОН за регионот Сахел, Роберт Пајпер соопшти дека жителите на тој регион гладуваат, оти регионот е погоден од минатогодишните суши и се соочува со големи проблеми. Тој изјави дека сушите во регионот сега се случуваат почето отколку порано и жителите не можат да се опорават од кризите.
Пајпер изјави дека ОН за Сахел оваа година побарале да се обезбедат 1,7 милијарди долари, но дека е собрано само 36 отсто од сумата.
XS
SM
MD
LG