Достапни линкови

Почина најстариот човек во светот


Најстариот човек во светот, Јапонецот Џиромон Кимура почина на возраст од 116 години. Извештаите велат дека Кимура, кој е роден во 1897 година, починал од „старост“ во болница рано изитрината во Кјото. Кимура влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар жив човек во светот во декември 2012 година, откако една жена од САД почина на возраст од 115. Тој го прослави својот 116 роденден во април годинава. Кимура имал седум деца, а својот работен век го поминал работејќи во пошта.
XS
SM
MD
LG