Достапни линкови

Владата ги заборави вработените од ОХИС


Охис - државата не избегнува
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Охис - државата не избегнува

Покуси за 20 плати и со неподмирени придонеси за социјално и здравствено осигурување, вработените во некогашниот гигант ОХИС велат дека државата ги избегнува.

Покуси за 20 плати и со неподмирени придонеси за социјално и здравствено осигурување, вработените во некогашниот гигант ОХИС велат дека државата ги избегнува. Од ветеното нема ништо, велат работниците кои веќе подолго време ја блокираат улицата Борис Трајковски.
Го упропасти ОХИС, си ги наплатија заостанатите плати, а и паушалите на тие, надзорен одбор, управен одбор си ги наплатија, си заминаа и си добија поубави работни места. Генералниот директор отиде советник да биде во Град Скопје, а по која заслуга, дека дојде до дното и под дното, а ние една година сме без денар, владата не решава ништо, иако е компетентна тоа да го направи.
вработена во ОХИС.

„Статус кво, само се ветува, а од тоа што ветија нема ништо.“

„Значи нема, финансиски сме исцрпени до максимум, тоа е, владата нема слух ни за нас и воопшто не се интересира“, велат вработените.

Дел од вработените посочуваат дека од досегашните обиди за спас на ОХИС, најмногу придобивки имало за раководството.

„Го упропасти ОХИС, си ги наплатија заостанатите плати, а и паушалите на тие, надзорен одбор, управен одбор си ги наплатија, си заминаа и си добија поубави работни места. Генералниот директор отиде советник да биде во Град Скопје, а по која заслуга, дека дојде до дното и под дното, а ние една година сме без денар, владата не решава ништо, иако е компетентна тоа да го направи“, вели една вработена во ОХИС.

Медиумите шпекулираат дека турски инвеститор е заинтересиран да ја купи фабриката, но и дека сегашното раководство не нашло време да се сретне со потенцијалните купувачи. Вработените, од друга страна, забележуваат дека голем број погони во фабриката се згаснати, а дел и демонтирани и изнесени.

„Голема тонажа на инокс, квалитетен, електромотори од англиско производство, месинг, бакар, материјали од родиум, злато и платина, тоа се изнесува, од тоа не видовме ништо како вработени“, вели еден вработен.

Досега пропаднаа над 10 обиди за продажба на ОХИС, поединечно или во пакет со останатите државни загубари. Услов за продажба на фабриката беше да се задржат сите вработени. Останува да се види дали ваквиот услов сè уште важи, посебно имајќи ги предвид тврдењата на вработените дека дел од погоните се демонтираат.
XS
SM
MD
LG