Достапни линкови

Повторно судири на Таксим во Истанбул


Турската полиција денеска попладне повторно употребила солзавец и водени топови за да ги растури демонстрантите од плоштадот Таксим во Истанбул кои протестираат против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во судирите биле запалени и неколку возила. Претходно Ердоган оцени дека демонстрациите што почнаа пред две недели, сега биле „грабнати“ од луѓе со деструктивна политичка агенда. Во обраќањето пред пратениците во Анкара тој изјави дека станува збор за обид за нарушување на имиџот на Турција.
XS
SM
MD
LG