Достапни линкови

Шешељ: Целта ми беше Голема Србија


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ изјави пред Хашкиот трибунал дека негова цел била „Голема Србија“, вклучувајќи ги „српска Босна, српска Херцеговина, српска Македонија и српска Хрватска“, во која ќе има етничко единство. Појавувајќи се како сведок во процесот против поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, тој рече дека сакал и се уште сака една значително поголема српска држава, која ќе вклучува и територии на соседни држави. Лидерот на српските радикали ги нарече Бошњаците „Срби кои преминале кон исламот“, истакнувајќи дека „никој не може постојано да го држи српскиот народ разделен“.
XS
SM
MD
LG