Достапни линкови

Мињон - Демократските институции се сè уште кревки


Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон се обрати во Собранието на Македонија.
Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон се обрати во Собранието на Македонија.

Демократските институции се сè уште кревки, парламентарниот бојкот, како и потребата од итни постапки за донесување на важни закони покренуваат загриженост кај меѓународната јавност. Би сакал исто така да ја истакнам потребата за промовирање на плурализмот на медиумите, како и развојот на една поволна средина за работа на новинарите. Освен тоа, реформите во доменот на судството треба да продолжат, рече претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон.

Се надевам дека одлуката за отпочнување на преговорите за членство со Македонија ќе биде дадена за време на следниот состанок на Европскиот совет. Ова ќe претставува логично продолжение на настаните, бидејќи на планот на реформите постигнатиот напредок е ветувачки, рече претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон пред пратениците на македонскиoт парламент. Но, и веднаш потсети дека процесот на пристапување кон Унијата е долг и тежок и бара целосни реформи и прилагодувања кон европското законодавство.
Демократските институции се сè уште кревки, парламентарниот бојкот, како и потребата од итни постапки за донесување на важни закони покренуваат загриженост кај меѓународната јавност. Би сакал исто така да ја истакнам потребата за промовирање на плурализмот на медиумите, како и развојот на една поволна средина за работа на новинарите. Освен тоа, реформите во доменот на судството треба да продолжат.
Жан Клод Мињон, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Демократските институции се сè уште кревки, парламентарниот бојкот, како и потребата од итни постапки за донесување на важни закони покренуваат загриженост кај меѓународната јавност. Би сакал исто така да ја истакнам потребата за промовирање на плурализмот на медиумите, како и развојот на една поволна средина за работа на новинарите. Освен тоа, реформите во доменот на судството треба да продолжат“, рече Мињон.
Средба на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон.
Средба на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон.

Мартовскиот договор овозможи нормализирање на односите, но мора да продолжи конструктивната дебата во Парламентот при тоа почитувајќи ги правата и на опозицијата, порача Мињон. Тој исто така потенцираше и дека добрососедските односи се во основата на европското семејство и искрен дијалог и поделба на одговорноста во насока на компромис се неопходни.

„Понекогаш соседите не успеваат да се согласат за сите работи, меѓутоа емоциите можат да го надвладеат разумот и тогаш градењето на добрососедските односи станува покомплицирано. Европската историја нè учи дека сè е возможно. Добрата волја и конструктивниот дијалог овозможуваат секогаш, секогаш да се најдат решенија“, рече Мињон.

Според делегацијата за соработка на Парламентарното собрание, посетата на Мињон е нова пракса во заедничката соработка, како и заедничкото усогласување на извештајот меѓу делегацијата на нашата земја и координаторите на пратеничките групи од една и неговиот тим од друга страна. По денешното обраќање на Мињон во парламентот, претседателот македонската делегација во мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, Кенан Хасипи, информира дека очекува успех и од заедничкиот заклучок и писмото испратено до претседателот на ЕП Мартин Шулц во кое е побарано тој лично да се заложи за отворање на претпристапни преговори со Македонија на состанокот на советот за општи работи на 25 јуни. Охрабрувачки во сето тоа е, како што нагласи Хасипи, што копретседателот на комитетот Шацимаркакис е исто така потписник на писмото.
XS
SM
MD
LG