Достапни линкови

Во Њујорк 20 години од приемот на Македонија во ОН


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски синоќа во Њујорк учествуваше на заедничкото одбележување по повод дваесет години од приемот во Обединетите нации на Република Македонија, Чешката Република, Словачка, Андора и Монако.
Во обраќањето, министерот Попоски, соопшти МНР, рекол дека приемот на Македонија во Обединетите нации е еден од позначајните датуми во поновата македонска историја со кој се потврди суверенитетот и државноста на Македонија, како и желбата на македонскиот народ изразена на референдум, за создавање на сопствената иднина.
Истакнувајќи дека Македонија целосно ги почитува принципите од Повелбата на ОН, министерот Попоски изразил очекување на таков однос кон почитувањето на нашите права како држава, во согласност со принципите на правдата и меѓународното право.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун им честиташе на сите земји за јубилејот и го поздрави значајниот придонес на владите и народите на секоја од земјите.
XS
SM
MD
LG