Достапни линкови

Уште еден кандидат се повлече од претседателската трка во Иран


Мухамед Реза Ареф

Мухамед Реза Ареф

Мухамед Реза Ареф, релативно умерен кандидат за претседателските избори во Иран, што ќе се одржат во петок, соопшти дека ја повлекува кандидатурата. Ареф изјавил дека поранешниот ирански претседател Мухамед Катами побарал од него да се повлече, со цел да биде зајакната позицијата на, исто така, умерениот кандидат Хасан Рохани. Вчера од претседателската трка се повлече уште еден кандидат. Повеќето од преостанатите претседателски кандидати се сметаат за конзервативни и подржувачи на исламскиот режим.
XS
SM
MD
LG