Достапни линкови

logo-print

Македонија на 79 место во Глобалниот индекс на мирот


World -- The 2011 Global Peace Index map

World -- The 2011 Global Peace Index map

Македонија во најновиот Глобален индекс на мирот што е објавен денеска е рангирана на последното место во регионот, а заедно со Турција ги дели последните две места во Европа. Македонија го зазеде 79 место што е за 11 места подолу од лани. Станува збор за анализа на Институтот за економија и мир со која се рангираат земјите според нивниот мир и со која се идентификуваат потенцијалните детерминанти на мирот. Исланд го зачува статусот на најмирна земја, додека на дното на списокот е Авганистан.
XS
SM
MD
LG