Достапни линкови

Жерновски ќе се сретне со г.г. Стефан


Андреј Жерновски

Андреј Жерновски

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски денеска ќе се сретне со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Средбата доаѓа по неколкуте протести што ги одржа граѓанската организација Веритас пред општина Центар поради, како што велат, намерата на градоначалникот со измените на новиот детален урбанистички план да ја урне црквата Свети Константин и Елена, која е во изградба. Градоначалникот Жерновски неколку пати изјави дека и да се донесе нов план, црквата нема да се урива.
Подоцна во текот на денов Жерновски ќе има средба и со Асоцијацијата на архитектите на Македонија.
XS
SM
MD
LG