Достапни линкови

Бајден побара од Тачи побрзо спроведување на договорот со Белград


Американскиот потпретседател Џо Бајден побара од косовскиот премиер Хашим Тачи брзо спроведување на договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Белата Куќа соопшти дека Бајден го подвлекол значењето на целосната и брза имплементација на договорот, за да се искористи предноста на оваа историска можност да биде осигуран мир и просперитет.
Говорејќи за Радио Слободна Европа по вчерашната средба со Бајден во Вашингтон, Тачи го нарече договорот „неповратен, незапирлив и витален процес“, но додаде дека српската влада има тенденции за одлагање на имплементацијата.
XS
SM
MD
LG