Достапни линкови

logo-print

Нови насилства во Ирак- 70 загинати


Најмалку 70 лица загинале во Ирак, во како што се наведува, зголеменото секташко насилство меѓу сунитите и шиитите. Вчерашните напади вклучуваат и серија експлозии чија цел биле безбедносните сили во северниот град Мосул, каде што загинале најмалку 24 луѓе. Претходно инциденти имало во северните региони, меѓу кои и на пазар за храна во провинцијата Дијала.
Засега ниедна група не ја презела одговорноста за нападите, но извештаите велат дека за тоа се осомничени сунитски исламски екстремисти.
XS
SM
MD
LG