Достапни линкови

logo-print

Непознато каде се наоѓа Едвард Сноуден


Во моментов е непознато каде се наоѓа човекот кој оддавал информации во врска со тајната американска програма за следење на телефоните и користењето на интернет на милиони луѓе. Едвард Сноуден, кој работеше за Националната безбедносна агенција, вчера се одјавил од неговиот хотел во Хонг Конг. Претходно 29- годишниот Американец изјави дека можеби ќе се обиде да побара азил на Исланд. Во интервју тој изјави дека оддавал информации за програмата за надзор за да ја открие вистината и да ги заштити основните права на приватност на луѓето насекаде во светот.
Некои американски законодавци побараа Сноуден да биде вратен во Америка за да се соочи со обвинувањата.
Белата куќа вчера одби да го коментира случајот, но соопшти дека истрагата е во тек.
XS
SM
MD
LG