Достапни линкови

logo-print

Кетрин Ештон повика на воздржаност во Турција


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска повика на „воздржаност и трпение“ и на трезвени глави во Турција, каде веќе две недели се одржуваат анти-владини протести. Изјавата од Брисел доаѓа по првите судири меѓу приврзаниците на Владата и демонстрантите.
Независни аналитичари стравуваат од заострување на вкупната ситуација, откако водството на владејачката Партија на правдата и развојот ги повика своите приврзаници на митинзи да му изразуваат поддршка на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и на неговата политика. Зборувајќи пред приврзаници на својата АКП, Ердоган ги навредуваше демонстрантите, нарекувајќи ги крадци и вандали. Тој порача дека неговата Влада се уште има трпение, но се закани дека неговото трпение, како и на Владата „имаат граница“. Неговата изјава која странските медиуми ја опишуваат како „арогантна“ и како знак дека турскиот премиер станува нервозен.
XS
SM
MD
LG