Достапни линкови

Дождот ги разбрка демонстрантите од пред Општина Центар


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Силниот дожд ги смири страстите пред Општина Центар. Демонстрантите привремено се повлекоа во околните кафулиња, а организаторите на протестот им поделија сендвичи.

Силниот дожд ги смири страстите пред Општина Центар. Демонстрантите привремено се повлекоа во околните кафулиња, а организаторите на протестот им поделија сендвичи. Ситуацијата засега е мирна.
Полицијата се обидуваше да го спречи нивниот влез по што дојде и до судир меѓу нив, но полицајците спречија натамошно влегување на демонстрантите. На местото на настанот пристигна и Брза помош, затоа што е повредено едно момче.

Претходно дел од групата се обиде насилно да влезе во дворот на општината. Полицијата се обидуваше да го спречи нивниот влез по што дојде и до судир меѓу нив, но полицајците спречија натамошно влегување на демонстрантите. На местото на настанот пристигна и Брза помош, затоа што е повредено едно момче.

Луѓето, организирани од граѓанската иницијатива Веритас, втор пат протестираат пред општината поради, како што велат, намерата на градоначалникот на општина Центар со измените на новиот детален урбанистички план да ја урне црквата Свети Константин и Елена, иако градоначалникот изјави дека и да се донесе нов план, црквата нема да се урива.

Седницата на Советот почна и според информациите од внатре, тензии имало и на седницата. Дел од советниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидувале да ја одложат и да ја прекинат седницата.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на протестите побарaа одложување на седницата, затоа што, како што велат, не биле уредно поканети. Наместо писмено, добиле само СМС пораки да присуствуваат на седницата на која ќе се гласа за промена на ДУП-от.

За разлика од протестот во петокот, сега се забележува поголемо присуство на полициски сили.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG