Достапни линкови

logo-print

Ваши коментари - Интервјуто со Заев и црквата во Центар


Текстовите поврзани со изборот на Зоран Заев за нов лидер на СДСМ се најчитани на нашиот сајт. Интерес предизвикува и црквата Свети Константин и Елена во центарот на Скопје.

Неделното ТВ-интервју на Радио Слободна Европа со новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев, има само два коментари, на Горан од Куманово и на Миле од Охрид, што покажува, според напишаното, дека антипропагандата против Црвенковски навистина успеала: Бранко е виновен за сè што не чини во државава, и Бранко продолжува да биде главната тема на членовите или на симпатизерите на владејачката партија - а интервјуто е со Заев.
Зошто да не, ако успеа од Струмица во два мандата да направи европска метропола без поддршка на централната власт...? За градоначалниците од ДПМНЕ е Балтазар.

По текстот со прашањето во насловот: „Ќе успее ли СДСМ со Заев“ - коментар од Балтазар со сосема спротивно мислење: „Зошто да не, ако успеа од Струмица во два мандата да направи европска метропола без поддршка на централната власт...? За градоначалниците од ДПМНЕ е Балтазар“.
Протест за поддршка на изградба на црква Св. Констатин и Елена во Скопје.

Протест за поддршка на изградба на црква Св. Констатин и Елена во Скопје.


А како ќе имаат, кога парите се трошат за минатото, додека сите други се борат за иднината?
И кога сме кај градоначалниците, Жерновски почна да се среќава со, според многумина, оркестрирани протести на граѓаните: По дилемата во насловот на нашиот текст „Дезинформација, манипулација или политика со црквата во Центар“, Оскар прашува како е можно оние што де факто уриваат, да изманипулираат граѓани, меѓу кои и видни личности од Црквата и од власта, да му се закануваат на Жерновски кој досега ниту срушил нешто, ниту кажал дека ќе руши? Па потсетува дека оваа власт има „уништено повеќе прекрасни паркови во Центар, урна повеќе споменици, уништува фасади со некаков барок, во Вардар направи градежни парцели за кафеани, го урна Космос, го стопира Кермес кој стои руина веќе 5 години...“

Горан од Куманово повторно со својата лутина и навреди против, како што пишува, „Грк Бранко и соросоидите“, а нему му одговара Мики: дека никаде во ниту една изјава на Жерновски не се спомнува рушење на црквата или објект што има регуларна дозвола за градба и му порачува да ги остават скопјани сами да си ги решаваат проблемите, а во Куманово да се подобри животот.

И кога сме кај желбата на граѓаните за подобро живеење, информацијата за истражувањето на Македонска платформа за борба против сиромаштијата за тоа како се живее во источниот дел на земјава, го предизвикала Александар од Охрид да напише дека „луѓето се лакоми, ненаситни и мрзливи и затоа целата држава ни е пред пропаѓање“. Некој, пак, потпишан со Тебе размислува: „И пак тепа Груевски. Народот се сели благодарение на бугарските пасоши“. Па следуваат прилично остри зборови за народот, кој, како што вели, „издржал пет векови турско со три востанија. Победува поради 170 илјади администрација, 200 илјади пензионери и сите медиуми под негова капа“. Мунир Богукјанин, пак, прашува: „А како ќе имаат, кога парите се трошат за минатото, додека сите други се борат за иднината?“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG