Достапни линкови

Заврши АгБиз програмата на УСАИД


Креирање на 637 нови работни места и обезбедување дополнителен приход за преку 42.400 рурални домаќинства во Македонија, како и развивање на 35 нови производи. Ова беше овозможено во изминатите шест месеци преку АгБиз програмата на УСАИД чие официјално затворање беше означено денеска. Американскиот амбасадор Пол Волерс во денешното обраќање посочи дека Соединетите држави силно ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за реформи во земјоделството и за зајакнување на неговата конкурентност на европските пазари.
XS
SM
MD
LG