Достапни линкови

Демонстрантите и полицијата се судрија пред Центар


Дел од групата која денеска пак протестира пред седиштено на општина Центар се обиде насилно да влезе во дворот на општината. Полицијата се обидуваше да го спречи нивниот влез по што дојде и до судир меѓу нив, но полицајците спречија натамошно влегување на демонстрантите. На местото на настанот пристигна и брза помош, затоа што е повредено едно момче.
Луѓето втор пат протестираат пред општината поради, како што велат, намерата на градоначалникот на општина Центар со измените на новиот детален урбанистички план да ја урне црквата Свети Константин и Елена, иако градоначланикот изјави дека и да се донесе нов план, црквата нема да се урива.
Се уште не почнала седницата на Советот, додека стотици демонстранти чекааат пред општината да видат што ќе се случува понатаму. За разлика од протестот во петокот, сега се забележува поголемо присуство на полициски сили.
Советниците од ВМРО -ДПМНЕ побарaа одложување на седницата, затоа што како што велат не биле уредно поканети на седницата. Неместо писмено, добиле само СМС пораки да присуствуваат на седницата на која ќе се гласа за промена на ДУП-от.
XS
SM
MD
LG