Достапни линкови

Намалена опасноста за излевање на Дунав


Градоначалникот на Будимпешта Иштван Тарлош изјави дека водите на реката Дунав се повлекуваат откако во текот на изминатата ноќ достигнаа рекордно високо ниво. Според него, оградите успеале да го спречат прелевањето на реката чие ниво вчера достигна 8 метри и 90 сантиметри. Досегашниот рекорд беше 8 метри и 60 сантиметри измерени во 2006 година. Во меѓувреме, реката Елба во Германија принуди на евакуација илјадници семејства. Во изминативе десет денови Германија, Австрија, Чешка, Полска, Словачка и Унгарија беа зафатени со поројни дождови кои предизвикаа поплави. Притоа најмалку 20 луѓе загинале.
XS
SM
MD
LG