Достапни линкови

Сараево: студентски протести за Законот за ЕМБ


Сараево

Сараево

Студентскиот парламент при Универзитетот во Сараево ги повика сите студенти, млади и граѓани на Сараево на продолжување на протестите за поддршка на граѓанската иницијатива за усвојување на Законот за единствен матичен број (ЕМБ). Ова е продолжување на големите протести што беа одржани во петокот, кога над илјада лица формираа жив синџир околу Парламентот на БиХ, тврдејќи дека нема да дозволат ниту еден пратеник да излезе од зградата додека не биде усвоен Законот за единствен матичен број. Босанските законодавци од почетокот на годината не можат да се договорат за редоследот на нумерирање на регионите, поради што сите деца родени годинава се без матичен број.
XS
SM
MD
LG