Достапни линкови

Зошто се манипулира дека ќе се урива црквата Св. Константин и Елена?


Протест за поддршка на изградба на црква Св. Констатин и Елена во Скопје. Стотици демонстранти протестираат пред зградата на општина Центар.

Протест за поддршка на изградба на црква Св. Констатин и Елена во Скопје. Стотици демонстранти протестираат пред зградата на општина Центар.

Граѓанската иницијатива Веритас и покрај сите убедувања од општината дека ниту ќе се урива, ниту стопира градбата и натаму најавува протести. За аналитичарите зад таквото нелогично однесување стои политика. Од МВР велат дека постапуваат согласно законот.

Министертвото за внатрешни работи најави дека се што е во рамки на законот ќе биде преземено во врска со петочните протести во скопската општина Центар. Од таму велат дека МВР имало и ќе има еднаков и неселективен пристап кон сите поединци и институции во државата и дека максимално коректно и професионално се ангажира во сите случаи во рамки на своите законски ингеренции.
На тој што манипулирал друга му била целта, ја одбрал оваа тема која е најсензитивна во однос на градбите од проектот Скопје 2014 со цел да не дојде до промена на деталниот урбанистички план во врска со другите градби кои не би предизвикале толку голем емоционален набој. Значи беше искористен овој објект за да се спречи работата на општина Центар.

Граѓанската иницијатива Веритас во петокот организираше протести против уривање на црквата во изградба Св. Константин и Елена, иако градоначалникот Андреј Жерновски изјави дека такво нешто нема да се случи.
Нови протести и жесток отпор најави Веритас доколку се одржи планирата седница на Советот на општината за измени ДУП-от, затоа што тие сметаат дека со таквите измени црквата Св. Констатин и Елена ќе станела дивоградба, а новиот градоначалник има план да ја урне.

Жерновски преку социјалната мрежа Фејсбук посочи дека причината за петочните протести не е црквата туку дека е стравот дека ќе се блокира изградба на други државни објекти во близина на црквата. На таквото тврдење Веритас во писмената реакција наведува дека правдањето на Жерновски е невистинито.
Во одбрана на демонстрантите кои во петокот скршија неколку прозорци од општинската барака викедов излегоа и преставници на Македонската православна црква кои и покрај објаснувањата на Жерновски, посочија дека не смее да се урива црковен објект.

За аналитичарите таквото нелогично однесување стои политика односно спречување на работата на општината. Професор Здравко Савески вели дека од сензитивна тема е направена манипулација на граѓани.

„На тој што манипулирал друга му била целта, ја одбрал оваа тема која е најсензитивна во однос на градбите од проектот Скопје 2014 со цел да не дојде до промена на деталниот урбанистички план во врска со другите градби кои не би предизвикале толку голем емоционален набој. Значи беше искористен овој објект за да се спречи работата целосно на општина Центар во однос на нивните надлежности.“

Тој додава дека централната власт постојано се повикува на поддршката што ја добија од граѓаните за оние потези кои се непопуларни а сепак ги прават, но кога некој друг од локалната власт го прави истото тогаш нема централната власт нема разбирање за истата аргументација.

„Ова лицемерие, би рекол, кажува дека и самите демократски стандарди се сметаат за позитивни кога некому му одговора. Овде имаме притисок врз демократијата со цел некој да не може да ја спроведува програмата за која се избрани и тој демократски притисок се граничи со тоталитарен притисок, значи се што не е во согласност со нивнта иделогија, на кој било начин, па дури и преку манипулирани протестанти, да се спречи да се спроведе во реалност“, вели Савески.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG