Достапни линкови

Законот за абортусот морало по итна постапка!


Писмо зад кое стојат 91 невладина организација е упатено до пратениците да се повлече предлог законот за абортус од скратена постапка и да оди по редовна. Но Законот се најде пред пратениците и според досегашните реакции од мнозинството, тој најверојатно ќе биде донесен.

Невладините организации продолжуваат да реагираат на одредбите кои ги содржи предложениеот закон за прекин на бременоста, а власта продолжува кон остварување на својата намера. Законот се најде на денешната пленарна седница на Собранието и според досегашните реакции од мнозинството, тој најверојатно ќе биде донесен.
Прво ние како земја ќе паднеме на сите рејтинзи и индекси кои мерат полова еднаквост, меѓутоа тоа и не е толку значајно, значајно е што ќе се усложни фактичката положба на жените, но е докажано дека ваков тип на закони само ќе ја зголеми бројката на црни, сиви или нелегални абортуси кон можат да резултираат со смрт на жени при абортус“,

„Прво ние како земја ќе паднеме на сите рејтинзи и индекси кои мерат полова еднаквост, меѓутоа тоа и не е толку значајно, значајно е што ќе се усложни фактичката положба на жените, но е докажано дека ваков тип на закони само ќе ја зголеми бројката на црни, сиви или нелегални абортуси кон можат да резултираат со смрт на жени при абортус“, вели Неда Коруновска од невладиниот сектор.

Невладиниот сектор сепак не се откажува и тој ќе продолжи со протестите пред Собранието и во текот на денешната седница. Писмото кое го адресираа 91 невладина организација заедно до пратениците во Собранието беше еден од начините на лобирање и повик до пратениците и премиерот законот да се повлече од скратена постапка и да оди по редовна и да се обрне внимание на штетните одредби во него.
Тоа е веројатно една од главните причини зошто тој се носи по скратена постапка и веројатно за да се избегне повеќе целава ова дебата за која имаме само десетина дена за жал да расправаме за штетата на овој закон и да бараме повлекување на истиот од скратена процедура.

Засега тие не видоа волја за соработка од страна на Министерствотот за здравство и прифаќање на нивните занбелешки, вели Бојан Јовановски од невкладината Хера. Законот според него се коси со човековите права, противуставен е и спротивен на најновите медицински стандарди па затоа е и избегната пошироката дебата.

„Тоа е веројатно една од главните причини зошто тој се носи по скратена постапка и веројатно за да се избегне повеќе целава ова дебата за која имаме само десетина дена за жал да расправаме за штетата на овој закон и да бараме повлекување на истиот од скратена процедура“, додава Јовановски.

Поширока дебата беше апсолутно неопходна додава Коруновска која истовремено и неверува дека било што може да се спречи во така мал период кога како што додава целокупната јавност во врска со законот била ставена пред свршен чин. Невладините организации во своето писмо Уште рекоа дека предлог-законот е противречен со женските права за живот, приватност, физички интегритет и автономија, доверливост, здравје и недискриминација кои се веќе заштитени во Уставот, а се рефлектираат и во рамки на меѓународните и регионалните обврски за човекови права кои Македонија ги има ратификувано. Законот предизвика реакции со тоа што ги отежнува процедуриоте за абортус.

Министерот за здравство категоричен дека законот не треба да се повлече зошто споеред него тој само го регулира абортусот. Законот вклучува задолжително советување на жената пред прекин на бремениоста, писмено барање поднесено од жената и рок од 72 часа до извршување на абортусот.
XS
SM
MD
LG