Достапни линкови

Шест турски полицајци се самоубиле од почетокот на протестите


Шест турски полицајци извршиле самоубиство од почетокот на протестите во државата, изјави шефот на полицискиот синдикат Фарук Сезер. Полицијата беше под остри критики заради употребата на прекумерна сила врз демонстрантите. „Насилството кое го гледате е резултат од насилството врз полицајците. Тие не само што се подложени на насилство од демонстрантите, туку и од 120 часовниот режим на работа и неквалитетната храна“, изјави тој. Сезер додаде дека веднаш штом ќе престанат протестите, синдикатот ќе достави до обвинителството докази за тешките услови во кои работат полицајците и ќе поднесат тужба.
XS
SM
MD
LG