Достапни линкови

logo-print

Шефот на дипломатијата Попоски во Њујорк


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска до 12 јуни ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува на одбележувањето на 20 годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации, настан што се организира заедно со уште четири држави кои истата година беа примени во светската организација - Андора, Монако, Словачка и Чешката Република.
Во рамки на престојот во Њујорк, предвидено е министерот Попоски да оствари средба и со генералниот секретар на ОН Бан Ки мун. Како промоција на кандидатурата на Македонија за членство на Советот на човекови права за периодот 2014-2016 година, тој ќе има средба и со амбасадорите на земјите од источно-европската група на ОН.
XS
SM
MD
LG