Достапни линкови

logo-print

Мандела и натаму во болница


Нелсон Мандела

Нелсон Мандела

Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела веќе три дена се наоѓа во болница поради инфекција на белите дробови. Властите не издадоа соопштение за неговата здравствена состојба. Вчера претседателот на Јужна Африка Јакоб Зума изјави дека состојбата на Мандела била загрижувачка, но стабилна. 95 годишниот Мандела четири пати бил на болничко лекување поради проблеми со белите дробови во изминативе две години. Тој беше предводник на борбата против расизмот во Јужна Африка и поради тоа 27 години мина во затвор.
XS
SM
MD
LG